Локално

Не стивнуваат реакциите за кадрите на ЗНАМ! Заменик директор убиец на мали кучиња

На неговото именување за заменик – директор на затворот во Штип реагираат здруженија за заштита на животните:

ЃОРЃИ ХУБРЕВ (поранешен сдсовец а сега функционер од ЗНАМ) е назначен за заменик- директор на затворот во ШТИП.

Ѓорѓи Хубрев пред 3 години УБИ гладно куче пред сведоци затоа што се вртело пред неговиот ресторан ВАГО.

Наместо кривично да одговара за мачење животни, МВР на Оливер Спасовки не постапува, а сега од ДПМНЕ добива и функционерска позиција! Каков психопат треба да си за сред бел ден да убиеш куче – а власта уште попсихопатска да те назначи за заменик директор.

Здружение за заштита на животни од Штип „Спаси Живот Штип“ пред три години реагирало:

Уште еднаш да се потсетиме на газдата на Ресторан Ваго, кој вчера пред очевидци крвнички уби 3 месечно кутре.
Закони знаеме дека нема, Министерство за внатрешни работи нема ни со мал прст да мрдне за овој громорозен чин, ама барем ќе бидеш познат како убиец.
Ве замолуваме да не ги мешате фамилијата и децата, не се тие криви за ништо,и секој коментар со навреда спрема нив ќе биде избришан.
Газда бе, абе дали си слушнал за карма?