СДСМ и ДУИ влегуваат во крајни подготовки за поделба на Република Македонија

  • Пишува: Саше Јанчев, член на Централниот комитет на политичката партија Левица

Неоврховистите од СДС и необалистите на ДУИ влегуваат во крајни подготовки за наредна фаза до конечната поделба на Македонија и создавање Голема Албанија и Голема Бугарија.

Кај и да е ќе почнат приказните по медиумите дека пак треба да го промениме Уставот. Нормално прогресивните, проевропски настроените и независните аналитичари, политичари и интелектуалци пак ќе ве убедуваат дека тоа е за наше добро. За да се европеизираме, да напредуваме, да одиме кон иднината, за да започнеме преговори и целиот тој џез кој илјада пати го слушавме до сеа.

Уште само знамето.
Уште само Уставот (прв пат).
Уште само БЈРМ.
Уште само Рамковен (Уставот втор пат).
Уште само Преспански.
Уште само Бугарски договор.
Уште само името (Уставот по трет пат).
Уште само историјата…

Со други зборови, уште само да ја поделиме Македонија, да направиме трета балканска војна и таман ќе станеме прави прогресивци и европејци.
Спремете се, жешки ќе ни бидат оваа пролет и ова лето.

Долу неоврховизмот и ванчомихајловизмот на СДС!
Долу необалистите од ДУИ!
Долу евро и натофундаментализмот!
Да живее Македонија!