Поранешен член на СДС денес во ЗНАМ е нов директор назначен од владата на ДПМНЕ

Рециклиран кадар на СДСМ, преку ЗНАМ на Максим Димитриевски стана в.д директор на затворот во Прилеп. Владата го назначи Емил Јанески за в.д. директор на КПД Прилеп. Против ова лице од ДПМНЕ претходно имаше поднесувано кривична пријава. Се поставува прашањето како нечесните кадри на СДС, откако станаа членови на ЗНАМ се доволно чесни за да бидат директори во владата на ДПМНЕ.

Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп, соопштија од Владата.

Она што е интересно, е што ВМРО-ДПМНЕ претходно остро го критикуваше Емил Јанески како тогашен директор на Водовод Прилеп, бидејќи истиот има и кривична пријава.

– И по безмалку една недела од поднесувањето на кривичната пријава од страна на МВР против првиот човек на прилепски „Водовод и канализација“, Емил Јанески кој се товари за „несовесно работење во службата“ и предизвикување на штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.300.000 денари, од директорот се уште нема никава реакција. Предизвикани од неговиот молк, локалните опозиционери побараа Јанески јавно да кажел дали и колку се офајдил од оваа зделка.

Ова е реакција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во 2020 година, секако пред Јанески да се просветли и да стане член на ЗНАМ, па сега да биде погоден за директор.

Јанески исто така не е вработен во установата, со што исто како и Пандов е назначен незаконски бидејќи вршител на должност се назначува САМО од редот на вработените! Но во Министерството за правда уште го бараат законот кој го прекршиле, па ќе ги оставиме да го пронајдат едниот од вкупно четирите закони кои може да ја регулираат таа област.