Мециновиќ: Оние кои го бришеа АСНОМ од уставот денес се повикуваат на АСНОМ

  • Реплика на пратеникот Амар МЕЦИНОВИЌ, на Седницата за избор на Заменици министри во новата Влада:

„Убаво е да се напомене секогаш, дека ЗНАМ е дериват на СДСМ, кој не само што дојде на заеднички јазик и принципи да ја формира оваа Влада со ДПМНЕ, туку ЗНАМ во својот зародиш има соработка со ДПМНЕ. Тоа е 2021 година кога добија поддршка на локалните избори и од тогаш таа соработка не е прекината.

Би ве потсетил, дека вашиот претседател претходно беше дел од раководството на СДСМ, кое го донесе Преспанскиот договор. Дури и некои од вас агитираа за тој Преспански договор! Тој преспански договор го избриша АСНОМ од преамбулата на Уставот, за којшто сега се повикувате!

Зошто сега се повикувате на АСНОМ, кога АСНОМ го избришавте?! – Затоа што не разбирате какво значење има АСНОМ за оваа држава! АСНОМ не бил конференција на директори, градоначалници, функционери, заменици министри. Туку бил кулминација на крвава борба против фашистичкиот окупатор! Против апетитите кои се сега разгорени, а сакаат да се комплетираат со внесувањето на Бугарите во Уставот, за кое се залагате.“