Пратениците од Левица остварија средба со кинскиот амбасадор во заминување

  • Соопштение на Политичката партија Левица

По повод 97 години од формирањето на Народноослободителната војска на НР Кина, пратениците од редовите на Левица – Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев присуствуваа на манифестацијата организирана од нивна страна на одбележувањето на овој празник.

Воедно, по повод завршувањето на мандатот, Неговата екселенција, Жанг Ѕуо, госпоѓа Јанг Јуанчун и военото аташе, полковник Зу Нинг од страна на нашите пратеници и раководството на партијата им беше посакана успешна дипломатска кариера во иднина.

Како идеолошки блиски, Левица во иднина ќе продолжува да ги негува односите со НР Кина, како на партиско, така и на институционално ниво!