АктуелноИнтернационално

Рјабков: БРИКС е јадрото на мултиполарниот светски поредок

Од интервју за списанието „Меѓународен живот“ – Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков истакна дека самитот на БРИКС оваа година че биде главниот политички настан во меѓународната политика.

„Самитот [на БРИКС во Казањ во октомври оваа година] е кулминација на руското претседателство. Се разбира, неговиот формат и кругот на поканети го прават посебен политички феномен и еден од клучните меѓународни настани во тековната година. … Сигурен сум дека ова ќе биде глобален настан, со учество на главните играчи од Светското мнозинство.

БРИКС е јадрото на мултиполарниот светски поредок што се појавува и, во сè поголема мера, центарот на гравитација.

Ова ќе биде исклучително напорен и значаен настан од сите аспекти. Руското претседателство напредува успешно на половина пат до неговото завршување, го гледаме огромниот интерес на сите учесници да работат на трите димензии кои традиционално се формирани во БРИКС – политика и безбедност, економија и финансии, контакти меѓу луѓето. …

Ако еден збор го опишува расположението на нашите пријатели и на сите членови на семејството БРИКС, тогаш овој збор е ентузијазам.“