Левица: Таравари и Кочубовски да го вклучат црвениот аларм поради екстремните температури
- Реакција на Политичката партија Левица
Само Република Македонија од земјите во регионот има високи прагови на црвени аларми кога станува збор за опасноста од екстремните временски услови. Имено, црвениот праг според постоечките правилници е на фрапантни 44 степени Целзиусови, а Институтот за јавно здравје најавува зголемување и на тој праг!
Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје во неколку наврати ја залажува јавноста дека црвениот праг од 44 степени Целзиусови е во нормални граници. Ваквиот скандалозен став само потврдува дека властите воопшто не се грижат за здравјето на обичниот народ.
Кочубовски ѝ стана познат на јавноста уште во поставата на Министерството кога на чело беше Тодоров, откако изби скандалот дека водата во Дојранско Езеро е загадена и дека се забранува за капење. Кочубовски тогаш излезе во јавноста да ја брани тогашната Влада на ДПМНЕ, тврдејќи дека постои нов правилник, според кој водата воопшто не е загадена, туку има одличен квалитет и може слободно да се користи.
Истото залажување на јавноста го гледаме и сега, кога се потребни реални решенија за заштита на ранливите категории и хроничните болни, а Владата преку Кочубовски ги изложува на ризик #работниците, хроничните болни и децата, само за да го заштити интересот на газдите.
Левица алармира дека постоечкиот праг од 44 степени Целзиусови за издавање на црвен аларм е премногу висок и не го рефлектира вистинскиот ризик по здравјето на населението. Институтот ИТНО треба да го ревидира и прилагоди прагот за алармирање, земајќи ги предвид најновите научни сознанија и препораки од меѓународните здравствени организации!
Владата треба ИТНО:
– да воведе флексибилно и скратено работно време за работниците;
– да иницира ослободување од работа на хронично болните и онколошките пациенти;
– да организира информативни кампањи и обуки за заштита од топлина;
– да спроведе засилени инспекции и санкции за непочитување на мерките;
– да обезбеди дополнителна грижа и помош за старите лица, болните и другите ранливи групи преку мобилни здравствени тимови и климатизирани јавни простори сè со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на сите граѓани!