Хутите имаат своја битка против империјализмот – Нападнати три американски брода
По отпочнувањето на геноцидот врз Палестинците во Појасот Газа од страна на израелските вооружени сили, јеменските Хути се одлучија за серија напади врз американските бродови цо црвеното и средоземното море, затоа што тие сметаат дека САД е главен поддржувач на Израел, во вршењето генецод врз палестинското население. Во последниот напад, настрадаа три брода, вклучително и еден танкер.
Хутите од Јемен нападнаа три брода, вклучително и танкер за нафта во Црвеното и Средоземното Море, користејќи балистички ракети, дронови и чамци преполни со експлозиви, потврди американската војска.
Армијата на Хутите соопшти дека најновите воени операции биле одговор на саботниот израелски воздушен напад врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 90 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.
Во десетици напади од ноември, Хутите потопија два брода и зазедоа уште еден, убија најмалку тројца морнари и ја разнишале глобалната трговија, принудувајќи ги сопствениците на бродови да ја избегнуваат популарната трговска рута преку Суецкиот Канал.