Русија и Индија најавија поправеден и зајакнат мултиполарен свет

  • Секвенци од Заедничката изјава по XXII руско-индискиот годишен самит „Русија-Индија: силното и проширувачко партнерство“ (Москва, 9 јули 2024 година)

Русија и Индија ја потврдија својата посветеност на духот на БРИКС заснован на принципите на меѓусебно почитување и разбирање, еднаквост, солидарност, отвореност, инклузивност и консензус.

Индија ја изрази својата целосна поддршка за руското претседавање со БРИКС во 2024 година под тема „Зајакнување на мултилатерализмот за правичен глобален развој и безбедност“. Страните ја изразија својата посветеност да работат заедно за успешно одржување на XVI самитот на БРИКС во октомври 2024 година во Казањ. <…>

Тие ја поздравија растечката улога на Шангајската организација за соработка во меѓународните работи и формирањето на одржлив и мултиполарен светски поредок. … Страните се залагаа за зајакнување на улогата на Организацијата на меѓународната сцена