АктуелноЛокално

Максим Димитриевски: Бугари во Устав е еден од петте принципи на ЗНАМ

Во поткастот на телевизија „Канал 5“ гостуваше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски којшто зборуваше за внесувањето на Бугарите во Уставот, каде го повтори веќе афирмираниот став на партијата дека тие се согласни со ова решение.

Поранешниот член на централното раководство на СДСМ, денес во коалиција со ДПМНЕ – Максим Димитриевски изјави дека внесувањето на Бугарите во Уставот е еден од петте принципи на движењето „ЗНАМ“.

Тој го афирмираше ставот даден во предизборната кампања кој најави уставни измени уште во првите 200 дена од новата Влада.

„Моите ставови се јавно кажани. Ако се сеќаваш донесов програма кај вас. Еден од петте примарни принципи е бугари во уставот ДА“ – изјави Димитриевски.

Потсетуваме, Димитриевски беше еден од најголемите поддржувачи на промената на името Македонија и додавењето на Северна.