Левица-Карпош: Забележани подготовки за градежни активности на просторот на поранешна Алумина
- Соопштение на Левица-Карпош
Утринава добивме порака од загрижени граѓани, кои документирале активност на механизација и присуство на персонал во оградениот простор кај поранешната фабрика Алумина!
Бидејќи урбанистичкиот план за овој простор не е донесен, а ниту има некакво друго официјално известување за активности, се прашуваме дали е на повидок нов шверцерски обид на градежната мафија за окупирање на градежниот простор во Карпош и ново самоволие од страна на Јакимовски!?
Советниците на Левица, децидно застанаа против предложениот ДУП за овој простор, кој овозможува изградба на згради и со над 100 метри во висина, со што целосно би се задушил просторот во тој дел.
Предупредуваме, дека било каков обид за изигрување на законските решенија и вољата на карпошани во корист на градежните моќници, ќе наиде на жесток отпор од страна на Левица!