Нефункционални фонтани и несредени јавни површини

  • Реакција на Левица-Гази Баба

Несредени јавни површини и нефункционални фонтани за пиење вода се секојдневна глетка на подрачјето на Општина Гази Баба.

Неискосени јавни површини постојат во сите населени места во општината додека фонтаните поставени за пиење вода се нефункционални во сред топлотен бран со високи температури и силни УВ зраци.

Левица ЛО Гази Баба апелира за што поскоро средување на истите и итно пуштање во функција на фонтаните за пиење вода сега кога им се најпотребни на граѓаните, за да им помогнат во совладување на летната горештина додека се излезени и си ги вршат секојдневните обврски.