Работна средба со организацијата на жени од Велес

  • Соопштение на Левица-Велес

Дел од членките на Левица – Велес остварија работна средба со Организацијата на жени од Велес во рамки на проектот „Застапување за воспоставување и обезбедување на одржливост на советувалишниот центар за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство – Заедно сме посилни“

На работната средба беше дискутирана статистиката добиена од релевантни институции за бројот на жртви на семејно насилство како и за поддршка на одржливоста на центарот за психолошко советување на жените жртви на семејно насилство.