Обидот за државен удар во Боливија се случи поради литиум!

Секој обид за државен удар има врска со некои внатрешни или надворешни интереси, а Латинска Америка постојано го чувствува тоа на своја кожа, изјави претседателот на Боливија Луис Арсе.

Со оглед на тоа што во Боливија во моментов се преговара за долгорочен договор за доделување на проектот за литиум, локалните власти не ја отфрлија верзијата дека има внатрешни и надворешни интереси во пучот, посочи Арсе.

  • Дали литиумот и Русија се мотивот за обидот за државен удар во Боливија?

Според претседателот, секој пуч има врска со нечиј интерес, а во случајот со Латинска Америка тоа е потврдено повеќе од еднаш.

„Секој државен удар овде имаше некои внатрешни и надворешни интереси. Ние веќе го доживеавме ова“, рече боливискиот претседател.

Обидот за државен удар во Боливија – земја со 10 милиони жители во срцето на Јужна Америка –  беше спречен откако приврзаниците на сегашниот претседател Луис Арсе излегоа на улиците, а армијата се повлече од главниот плоштад во главниот град Ла Паз.

Боливија склучи договор со Русија , која треба да инвестира одредени средства за ископ на литиум, како и со Кина , која има намера да инвестира во изградба на капацитети за ископ на литиум. САД и Вашингтон не можат да ѝ простат на Боливија што избра партнери од Истокот, а не со Америка.

За време на неговиот неодамнешен престој во Русија, Арсе  се сретна со директорот на руската државна компанија „Росат“ Алексеј Лихачев, со кого разговараше за соработката меѓу боливиските власти и таа компанија во истражување и експлоатација на литиум.

Исто така, Боливија изрази желба да се приклучи на БРИКС.