23 години од смртта на Оливер Китановски

  • Соопштение на Левица-Велес

Оливер Китановски е роден во Башино село, велешко во 1980година.

Тој бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар, учесник во воениот комфликт во Македонија во 2001 година.Тешко ранет од граната на 23 јуни 2001 год кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново.По пет дена во шок соба умира Оливер во скопските клиники.

Во воениот конфликт учествувал во акцијата за ослободување на Тетовското Кале, но исто така и во помали битки на Шар Планина против качачките банди.

Луѓето на него се сеќаваат како на „грамада“ висок, строен маж со решителен и праведен карактер.Китановски, иако најмлад во водот, доброволно се пријавил да учествува во првите борбени редови во битката за Арачиново.

При акцијата, која ЕСЗ Тигар ја започна западно од Арачиново во Брњарци, кај селските гробишта е погоден од армиска граната заедно со Атанас Јанев, Александар Стојчев и Никола Пехчевски, кои на лице место загинуваат.

Некоординираноста помеѓу АРМ и МВР е причината за нивната смрт.

Денес во Башино село има улица која го носи неговото име и споменик во негова чест.

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!