Левица-Кисела Вода: Старо нова влада, бизнис релациите помеѓу СДС и ДПМНЕ останаа исти

  • Реакција на Левица-Кисела Вода

Фирма подизведувач на БЕХТЕЛ И ЕНКА поврзана со Вице Заев гради училишта и градинки во повеќе општини, меѓу кои и општина Кисела Вода

Згрозени сме од лицемерието кое се демонстрира од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, оваа партија неколкукратно ги критикуваше СДСМ за нивните корупциски врски со фирмата СТЕНТОН каде што сопствениците се блиски со Вице Заев и со други високи функционери од СДСМ, додека истовремено, самите тие доделуваат тендери на истата таа фирма во општините кои ги контролираат.

Иако е непобитен фактот дека на училиштето му е потребно реновирање, особено по 40 години на запоставување, ние инсистираме дека ваквите проекти мора да се спроведуваат транспарентно и без корупција. Лицемерно е од ВМРО-ДПМНЕ да доделува тендери на фирма која самите ја критикуваат за корупциски врски со СДСМ и градежна компанија која е подизведувач на спорните коридори 10Д и коридорот 8 кои ги изведува конзорциумот БЕХТЕЛ и ЕНКА.

Оваа постапка е доказ за корумпираниот и клиентелистички систем во кој живееме, каде партиите на власт, без разлика дали се ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, се занимаваат со распределба на државните ресурси и тендери на луѓе што го поседуваат крупниот капитал и што ги експлоатираат работниците. Ние бараме транспарентност и отчетност во јавните набавки и повикуваме на радикални промени во политичкиот систем за да се стави крај на овој круг на корупција и злоупотреба на јавните средства.