Кој друг очекувавте да е најтранспарентен најактивен во Собранието и организатор на антифашистички протест

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Потпарол на Политичката Партија Левица

На својот фејсбук профил потпаролот на Политичката Партија Левица објави:

За неполни 10 дена се објавија податоци за Левица како најтранспарентна партија и најактивен парламентарен субјект.

На две години од составувањето на сегашниот собраниски состав, Левица се воспоставува како агент на напредокот во политичката демократичност.

За скалата на транспарентноста, на која предничи Левица, додека останатите партии се рангирани како што би претпоставиле, пред два часа известија 360 stepeni.

Во нивниот прилог, тие издвоија дури 30 секунди за изјава на Генсекот на најтранспарентната партија Јована Мојсоска, додека на дебатата на таа тема воопшто не добивме покана.

Во нивниот прилог, тие издвоија дури 30 секунди за изјава на Генсекот на најтранспарентната партија Јована Мојсоска, додека на дебатата на таа тема воопшто не добивме покана.

Ова не е со намера да посочуваме вина, туку да ја нагласиме единствената причина – тоа што сме допадливи.

Тоа пак, како и ригоризниот суд за секоја постапка, и цензурата на позитивните политики се случува бидејќи за прв пат, имаме вистински општествено-политички субјект.

Општествено-политичките субјекти имаат одговорност само кон гласачите, и широката јавност. Затоа, за Левица постојат посебни критериуми наспроти другите партии – криминални синдикати.

Политичко-криминалните синдикати имаат две карактеристики. Првата, тоа што имаат историја на заговорничко испумпување на државни пари за партиски и функционерски џебови, и низа на криминални афери низ годините.

Втората, е тоа што одговорноста кон финансиерите и партиските бизнисмени им е пред одговорноста кон гласачите. Кога доаѓаат на власт, прво им удоволуваат на сите потреби на газдите, или во случај на постојана власт како “зелените”, засекогаш им удоволуваат пред било каква потреба на населението.

Ловот на вештерки против Левица кој се случува во последните две години, сепак, не може да ја саботира. Партија против која најмногу се дезинформира и најмногу се цензурира, без конкуренција.

Смешната кампања за идеологијата на Левица, е само повторување на испробани равенки против работнички партии. Но, против нив има природна противречност, затоа што цивилизациската тежина на крајно-левичарската идеолошка определба е историски процес.

Згора на се’, на протестот во средата, од Македонија конечно се испрати јасна порака до Бугарија. Просто, само Левица покажа државнички капацитет, средства за одбрана на државноста и способност да ја ревитализира македонската позиција.