Mециновиќ: Идеолошки залутаните бранковисти од ЗНАМ поддржуваат десничарска влада
- Секвенци од репликата на пратеникот од Редовите на Левица – Амар Мециновиќ на собраниската Седница за избор на ова Влада:
„Вашето движење ЗНАМ е едно обично десничарско движење кое ќе учествува во десничарска влада! Спомнувате и велите дека се декларирате како левичар, вие рековте дека ќе бидете горди што на балканот Македонија ќе ги има најниските даноци. Ве молам вратете се и кажете каде ви е овде логиката? Каде ви е идеолошката матрица? Кои се позициите на кои застанувате?
Ова мене не ме изненадува, вашата изборна програма која е на пет страници. ‘ChatGPT’ може да напише изборно посодржајна програма. Економски мерки имате три од која една е економски одржлива економија, еве ние сме за ‘економски неодржлива економија’. Не ви ги разбирам аргументите! – Аргументите ги немате затоа и поддржувате десничарска Влада.
Само автентична Левица, која сега е претставена преку нашата пратеничка група, може да се спротистави на десничарските баханалии, што ги спрема ДПМНЕ, со нивната Влада во наредните четири години!“