(Видео) Идниот министер во Владата: Албанците нема да ја пеат химната

Во најава на новиот владин состав којшто го предлага мандатарот Мицковски, за Министер за евроинтеграции е предложен Муртезани, познат по своите нео-балистички и великоалбански политички ставови, кој на официјална прес-конференција изјави дека македонските Албанци никогаш нема да ја пеат државната химна,

„Ако има некој што верува дека Албанците ќе ја отпеат Денес над Македонија се раѓа тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста” – изјави тогаш на прес-конференција идниот Министер за евроинтеграции предложен од мандатарот Мицкоски.

За жал, ова не е единствениот скандал којшто го следи новото владејачко мнозинство. Сепак, најголем останува прекршувањето на Уставот и давањето на заклетва на албански јазик, од страна на Африм Гаши, новиот Претседател на Собранието, избран од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери.