Левица: Муцунски фрли 250 000 евра за поправка на чешми – фонтаните не работат
Веќе трета година по ред не функционира системот на улични чешми на вода за пиење низ Општина Аеродром. Општината која и оваа година склучи договор со фирмата „Флуид проект“, во вредност од околу 250 000 евра, за оддржување на чешмичките, но жителите на Аеродром останаа жедни и на +40 степени целзиусови.
Речиси ниту една чешмичка за пиење вода не функционира нормално. Во време на температурни шокови, граѓаните кои се приморани да одат пешки низ населбата, не можат да се напијат вода од чешмичките бидејки истите не се во функција.
Левица Аеродром прашува зошто се даваат илјадници евра на фирма која не си ја врши работата? Дали заслужуваат жителите на Аеродром ваков третман од градоначалникот Тимчо Муцунски? Дали за ова се дадени гласовите на локалните избори? Толку ли е тешко да се поправат 50-тина чешмички за да можат граѓаните да се разладат на високите температури?
Уште еднаш градоначалникот во заминување, Тимчо Муцунски, го покажа крајно игнорантското однесување кон жителите на општина Аеродром и ја докажа својата неспособност за да им го подобри квалитетот на живот и да ги исполни ветувањата кои ги даваше во изборната кампања.
Доколку градоначалникот Муцунски не може да се справи со проблемите на една општина, како ќе се справи со проблемите на надворешната политика на државата?