АктуелноЛокално

Мојсоска: Гаши не се чувствува комотно кога се пее македонската химна

  • Секвенца од говорот на Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска по однос на изборот на Авфрим Гаши за спикер на македонскиот парламент

,,Единствено, во целиот негов политички ангажман е тоа што во 2013 година кога ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, Африм Гаши беше токму иницијатор за рушењето на споменикот на Цар Душан, така што тоа му беа и зачетоците на политичкиот активизам.

Во неговата бледа кариера кога го спасуваше Заев, кога требаше заедно да се руши Владата, тој дури и условуваше да биде дел од Владата каде повикуваше на директно мешање од надворешни експерти за решавање на судски процеси над нас како Монструм, како Алфа, Диво Населје…

Африм Гаши и сите од Вреди не се чувствуваат комотно кога се пее македонската химна!”