Интересот за БРИКС огромен – Триесет земји поднеле барање за членство

„Во моментов се разгледуваат околу 30 барања од различни земји, кои предлагаат воспоставување на различни форми на соработка“,  изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за „Прв канал“ во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, објави Политика.

Тој додаде дека организацијата ќе додаде нова форма на соработко со земји кои нема да бидат целосно интегрирани во БРИКС, тие че бидат означени како „земји-партнери“ на организацијата.

„Оваа категорија ќе биде детално претставена и од аспект на критериумите и во однос на земјите кои можат да претендираат за ваква форма на соработка. Русија како претседавач, посветува големи внимание на соработка на организацијата со новите земји“ објасни рускиот министер

За потсетување, Русија е претседавач на БРИКС од 1 јануари. Претседателството започна со интегрирање на нови земји членки. Покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, БРИКС сега ги вклучува Египет, ИР Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија, а Турција започна процес на приклучување кон оваа организација.

Главната цел на руското претседателство е зајакнувањето на мултилатерализмот со цел фер глобален развој и безбедност. Како дел од своето претседавање, Русија ќе биде домаќин на повеќе од 200 политички, економски и јавни настани, вклучувајќи го и Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, кој се одржа од 5-8. јуни.