Крмов: Цела ноќ ќе седиме, ама раатот ќе ви го земеме

  • Фејсбук статус на пратеникот Борислав Крмов, откако е закажана вонредна собраниска Седница за ноќва

Продолжение на седницата во 22:00 часот! Очигледно не им се допадна рендањето за Гаши па се обидуваат со вакви смешни обиди да не фатат на кондиција да има што помалку критика.

До вчера плачеа дека Талат злоупотребувал процедури, а сега помеѓу комисиите нема ни паузи и се одржуваат во истата сала со истите службеници само претседателот го менуваат! Алал вера.

Ниво на фабричка ефикасност! Излезете на мегдан да ги соочиме аргументите? Што е проблемот јунаци?

Ич да не се секирате ќе седиме цела ноќ ако треба ама раатот ќе ви го земеме!