Изложба “Infinity-Бесконечност” на Ирена Паскали во Градскиот музеј во Крива Паланка

Во Градскиот музеј во Крива Паланка вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Бесконечност“ (Infinity) од Ирена Паскали. Таа ќе се претстави со мултимедијален проект – инсталација во простор, видео и фотографија. Куратор на изложбата е Ѓорѓи Костовски, историчар на уметност.

Ирена Паскали живее и работи во Келн, Германија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а магистрирала на Академијата за медијални уметности во Келн, Германија. Има реализирано бројни самостојни изложби и учествувала на бројни меѓународни групни претставувања. Добитничка е на интернационални резиденции и стипендии и многу награди. Работи во повеќе уметнички медиуми, како видео, фотографија, цртеж и експериментален филм.

Иложбата „Бесконечност“ се организира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – град на културата за 2024“.