(Видео) Јанчев: Во режија на ДПМНЕ, Македонија се разградува тула по тула
Пратеникот од редовите на Левица – Сашко ЈАНЧЕВ, во говорот на собраниската Седница истакна дека предлогот на ДПМНЕ за спикерското столче да му се додели на Африм Гаши е само продолжена рака на странските платформи кои заговараат деградирање на државата.
„Македонија константно се разградува тула по тула, по неколку планови, од кои најактуелни се Тиранската и Софиската платформа. На овие избори за првпат на маса беше ставена и Македонска платформа, која ги содржи црвените линии, кои еднаш засекогаш треба да стават граници, до каде може да се оди и да го запре распаѓањето и разградувањето на државата“ – посочи Јанчев пред пратениците.
Изборните резултати овозможуваат да се формира влада без учество и уцени од етничките партии! За жал, во режија на ДПМНЕ добивме претседател на Собрание којшто доаѓа од предизборна коалиција која се претставува како гарант за предавнички уставни измени, бирање на претседател на држава со бадентерово мнозинство и отворено заговара бинационална држава и целосна двојазичност.