Левица започнува нова епоха во македонското Собрание
Соопштение на политичката партија Левица
За денес е закажана конститутивната Седница на Собранието на Република Македонија во која партиципираат шестте народни пратеници од редовите на Левица!
На лидерот на партијата проф. Димитар АПАСИЕВ и на досегашниот пратеник Борислав КРМОВ, во собраниската борба им се приклучуваат нови четворица другари, долгогодишни активисти и неуморни борци во битката за каузата и Републиката.
Од ИЕ 1 во Собранието се приклучува м-р Реџеп Исмаил – ХАКТАН – потпретседателот на партијата, идеолошкиот мастер, кој е еден од основоположниците на Левица и движењето кое и претходеше!
Од ИЕ 2 во Собранието се приклучува Амар МЕЦИНОВИЌ – Портпаролот на Левица кој гласно ги претставуваше партиските политики за јавноста. Сега во улогата на најмлади пратеник од нашите редови, младинските политики му се еден од клучните приоритети!
Од ИЕ 4 во Собранието се приклучува м-р Сашко ЈАНЧЕВ – борец кој учествуваше во секоја од битките на Југот и заедно со народот победи во борбата против ,,рудниците на смртта”, странските компании и домашните власти.
Од ИЕ 5 во Собранието се приклучува Јована МОЈСОСКА – Генералниот секретар на партијата, која е класичен организациски елемент во секој од успесите на партијата изминативе години.
#НеподмитливитеВоСобранието започнуваат со испишување на новата страница од македонската парламентарна историја.
Работничката класа и македонскиот народ добиваат вистински претставници кои влегуваат #ВоБорба за економско, класно и национално ослободување на Македонија!