АктуелноЛокално

Клуб на читатели посветен на „Сега ти стануваш јас“ во Градска Библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје

Клубот на читатели посветен на „Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на Чудна шума) е закажан за 30 мај (четврток) со почеток од 18 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.

Со оваа книга и со Клубот, Библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје го заокружува вториот циклус од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори за која го доби признанието Промотор на читачката култура според Македонската асоцијација на издавачи.

Во нас ништо не гори.
Ја оставам книгата недочитана,
Ноќта непроспана,
Главоболката сама останува,
И му бегам на денот,
Ништо не се сеќавам.
Поминувам низ деновите
Како рака по површината на водата,
Се затвора трагата врз водата,
Како да не си ја допрел,
Како да не си бил.
Поминувам низ деновите
Како записничар,
Удирам цртки по ѕидовите,
Го правам времето сеќавање,
Времето се рони како сув леб,
Нешто мравките ќе однесат под земја,
Нешто птиците ќе скријат по гранките. 

Од стихозбирката „Сега ТИ стануваш ЈАС“ од Долорес Атанасова – Лори (@D.a. Lori), книга на месецот во ГБСК.

Влезот на настанот е слободен и отворен за сите љубители на убавиот, пишан македонски збор.