АктуелноЛокално

Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка” – Левица дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување, информираат од Левица.

Додаваат дека пратеникот Сашко Јанчев дава поддршка на блокадата.

,,Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето на турско – америчкиот конзорциум ,Бехтел и Енка’. Од минирањето загрозени и загадени се извори на вода од кои и ден денес пијат вода Прилеп и селата околу Прилеп. Во селото Ореовец оштетени се куќи, загрозени се ендемични видови на животни коишто ги има само тука”.

Ова е последица на оној криминален и противзаконски договор којшто го направи претходната влада со турско – америчкиот конзорциум на ,,Бехтел и Енка”, па поради тоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машини и работници да доаѓаат и да продолжат со работ“, се истакнува во напишаното.

,,Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание, спроведувањето на договорот со Бехтел и Енка со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена”, истакна Јанчев.