Изложба „Херојското доба на Хистрите“ во Археолошки музеј на Македонија

На 23.05.2024 година (четврток) во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде отворена изложбата „Херојското доба на Хистрите“, на автор проф. д-р Мартина Блечиќ Кавур. Изложбата е во организација на Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Археолошкиот музеј на Истра во Пула и ќе биде отворена до 01.09.2024 година.
Изложбата ја претставува приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред н.е. и преку нивната материјална култура може да се види нивната интеграција во комуникациската и трговска мрежа со другите соседни региони и заедници кои во тоа време живееле на брегот на Јадранот и во регионот по реката Дунав