АктуелноЛокално

Јанчев: Македонија е на прво место, а не ЕУ или НАТО

Новиот Пратеник во македонското Собрание од редовите на Левица – Сашко Јанчев, во интервју за поткастот „Редкаст“ ја коментираша позицијата на Македонија по однос на ЕУ и НАТО. Според него, зачувувањето на државата е многу поважно од интеграцијата или членството во овие организации.

,,Прво е Македонија, а потоа е се друго. Многу ме нервира кога ни ја наметнуваат таа приказна, таа малодушност „Без ЕУ нема да не биде, без НАТО нема да не биде, без запад нема да не биде”. Не. Тоа го имаме и историски. Викале и дека отоманско било засекогаш, дека кралството Југославија било засекогаш, Голема Бугарија во фашистичко велеа дека ќе биде засекогаш. Така и ЕУ не е засекогаш. Само Македонија ни е засекогаш.

Јанчев беше Советник во Општина Гевгелија, а на јаваноста особено и стана познат по неговите патриотски дела кон државата, како и традиционалниот годишен марш по повод смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во должина од 150 километри, односно, од Гевгелија, неговото место на живеење, до црквата Свети Спас во Скопје каде што се наоѓа почивалиштето на нашиот великан.