АктуелноЛокално

КРМОВ: ДПМНЕ и со апсолутно мнозинство нема да го раководи Собранието

Пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов на социјалните мрежи ја искоментира изјавата на Арбен Таравари дека Албанците ќе имаат шест министри и претседател на Собранието. 

„ДПМНЕ со апсолутно мнозинство нема да го раководи Собранието! Со 58 или 61 пратеника ова е брука и колапс на ДПМНЕ кои повторно КЛЕКНАА пред албанскиот политички фактор. Толку е силата на „комитите“ од белата палата кои пред Левица р’жат, а пред ВРЕДИ мјаукаат. На ова предупредувавме. Без Левица како фактор за Влада се повторува истото, без разлика колку пратеници освоиле ДПМНЕ или СДС. Македонскиот народ е повторно излажан и останува потстанар во сопствената држава“, пишува Крмов. 

Додава дека Левица останува единствената сила која сега со шест пратеника ќе се бори против насилната косоваризација на државата.