АктуелноЛокално

По обидот во Албанија, Бугарија сака да ги бугаризира и Македонците во Косово и Метохија

Под истата агенда како и со Македонците од Мала Преспа, Бугарија бара Бугари и меѓу горанците кои живеат на територијата на Косово и Метохија. На неколку дена до крајот на пописот се засилува притисокот врз македонците муслимани од Гора, Призренска Жупа и Косово да се попишат како Бугари, а за возврат да добијат бугарски пасош, финансиска помош и школување за младите во Бугарија.

Сојуз на Македонците со исламска религија ги повика  нашинците од овие области да не потпаднат под притисокот за асимилација и да се попишат како Македонци, со мајчин македонски јазик, вероисповед муслимани, како што и се.. Бараат и македонските институции да застанат во одбрана на нивните права.

-Да не потклекнат под разно разни влијанија не само на бугарската држава и нивните емисари, туку и на мнозинското население кое живее на Косово и на овој попис да се декларираат како она што се, македонци , во графата наведувајќи дека припаѓаат на исламската религија.Јавна тајна е, во прв план е ветувањето и издавањето на бугарски пасоши и сега знаете ли што значи за граѓанин кој што кубири со своите семејни потреби и немаат работни ангажмани што значи да им се вети или издаде пасош на европска држава за да можат слободно да си бараат егзистенција во цела Европа, вели претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Латиф Пајкоски.

Поранешниот претседател на Сојузот Исмаил Бојда за Сител вели бугарија бара бугари таму каде што никогаш немало.

А Бугарија уште лани во декември преку отворање на своја канцеларија ги повикуваше граѓаните да се изјаснат како бугари на пописот, а за тоа помош добиле и од косовските власти, уверуваше претседателот Радев.

Македонија во 2001 година издаде околу 15.000 македонски државјанства во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово и Метохија, врз основа на своерачно потпишани изјави на месните жители дека се етнички Македонци чиј мајчин јазик е македонскиот јазик.

Пописот во Косово и Метохија кој почна на 5 април го спроведуваат прштинските власти и треба да заврши на 17 мај, а последното пребројување на населението, домаќинствата и становите се случи во 2011-та.