Заробен легионер откри дека Франција активно регрутира припадници на словенските народи за борба против Русија
Заробениот припадник на Француската легија на странци, на иследниците во руските воени сили им призна дека француската влада активно регрутирала Полјаци, како и припадници на други словенски народи, кои во составот на легијата се испраќаат во борба против Русија.
– Јас сум Максим Андреевич Дмитриенко и јас сум припадник на Француската легија на странци, со чин на легионер од прва класа, обучен за оператор на дронови. Во моментов сум во затворска колонија во Руската Федерација. Обвинет сум за нелегално учество во воеан формација, во воените сили на Украина, вели заробениот војник.
Тој потенцира дека никогаш не ја напуштил Легијата и дека заедно со неговите соборци дошол во Украина, а за тоа добил одобрение од командантите. Тој кажа и дека иако Франција не ѝ објавила војна на Русија, таа е активен учесник во конфликтот. Во Украина, според него, се испраќаат најчесто оператори на дронови и инженери, а најголемиот дел од легионерите се Полјаци, но ги има и од останатите словенски народи.
🚨🇫🇷VIDEO: A captured French Foreign legion soldier under interrogation in a Russian prisoner of war camp.
— Aussie Cossack (@aussiecossack) May 13, 2024
The "Legionnaire de 1re classe" confirms that the French Government is actively recruiting Poles and other Slavs to fight against Russia in the French Foreign legion. pic.twitter.com/nOL4ZelaW3