АктуелноЛокално

Изложба „Традиционалната култура на градот Штип“ во Гевгелија

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“, и во соработка со НУ Музеј, Гевгелија ќе биде град- домаќин на Изложбата на фотографии на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“, насловена „Традиционалната култура на градот Штип“. Отворањето на Изложбата е денес, понеделник на 13 мај 2024 година, во Уметничката галерија „Амам“, со почеток во 20:00 часот. Влезот на настанот е слободен.

Станува збор за Проект, којшто го реализира Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, поточно Музичката академија, Катедрата за етнокореологија и надворешни соработници од Штип. Изложбата низ фотографии ги опфаќа премрежјата во културната и историската сфера на градот Штип.