Јанчев: Новата претседателка на Зеленски му го честиташе Денот на Европа

  • Фејсбук статус на Сашко Јанчев, пратеник од редовите на Левица

Новата претседателка слави Ден на Европа. Така му се обратила на Зеленски на Твитер.

“As we selebrate Europe Day”.

9 Мај не е ден на Европа.

9 Мај е ден на победата над фашизмот, победа предводена од Советскиот сојуз, односно денот кога Фашистичка Германија во Втора светска војна потпиша капитулација и со тоа заврши војната на тлото на Европа.

Во таа војна светот имаше нова поделба во која за прв пат се појави државата Македонија како составен дел на федерацијата Југославија и за прв пат македонскиот народ стана конститутивен државотворен народ и тоа го плати со животите на најголемите македонски синови и керки во Народноослободителната војна.

Арно ама на Западот тоа баш не му се допадна и уште од одма почнаа со негација на таа подлелба, со ревизија на историјата и постепена ревизија на поделбата на светот.

Во таа нивна нова поделба нема Југославија, но нема ни Македонија и македонски државотворен народ.

Има Северна Македонија со државјанство македонско/граѓанин на Северна, со Бадентер, балансер, 6 изборни единици во кои во шеста изборна единица треба на половина гласови отколку шо требаат во изборна единица 4 за пратеник, има двојазичност, македонската нација од политичка заедница се сведува на културна група (етникум), во која има национални партии наместо идеолошки и во која после избори ко во федерација албански блок и македонски блок го делат владиниот колач на национална база иако немаат таква обврска ни по Устав, ни по закон.

Е ова слави новата претседателка од патриотското ДПМНЕ.

Македонија “ГОРДА”.

Тек ќе се гордеете сеа коа ќе го менат Уставот.