АктуелноИнтернационалноЛокално

(Видео) Аргентина парализирана: Генерален штрајк против реформите на Милеи

Аргентинските работници денеска започнаа голем генерален штрајк против радикалните мерки за штедење и планираните реформи на новиот претседател Хавиер Милеи.

Откако повеќето големи синдикати се приклучија на протестите против владата на јужноамериканската земја, јавниот транспорт, секторот за преработка на жито, супермаркетите, аеродромите и банките се стопирани на 24 часа, објави Ројтерс.

Економистот и поранешен медиумски експерт Хавиер Милеи победи на изборите минатата година кога вети дека ќе ја реши економската криза, која растеше во текот на претходните влади, што доведе до троцифрена инфлација.

Мерките на претседателот за намалување на трошоците ги стабилизираа локалните пазари, но строгите политики на штедење им наштетија на реалните приходи на луѓето и ги подигнаа веќе високите нивоа на сиромаштија, што доведе до пад на економската активност на почетокот на годината, забележува Ројтерс.

Генералниот секретар на главниот синдикат ЦТА, Хуго Јаски, на социјалната мрежа „Х“ објави дека штрајкот е насочен против „влада од која имаат корист само богатите на сметка на народот, обезбедува природни ресурси и бара да ги елиминира работничките права“.

Владата го критикуваше штрајкот како неоправдан и наведе дека ќе влијае на луѓето кои сакаат да работат, а за време на протестите летовите ќе бидат суспендирани, пристаништата ќе бидат парализирани, банките ќе бидат затворени, а училиштата и универзитетите ќе работат на минимално ниво.