АктуелноЛокалноНастани

Мицкоски прогласи победа над артановци и алиевци

Успеавме! Македонија победи! Историска победа на народот! Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја објави убедливата победа на парламентарните и на претседателските избори.

– Поразени се предавствата, поделбите, тие стотина луѓе на ДУИ и на СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат сите до еден. Поразен е бојкотот на ДУИ. Ова на нашата победа ѝ дава посебно задоволство, народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси, а ДУИ покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија и станаа силно криминализирана структура. Но сѐ им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себесеи. Време е да одат заедно со СДСМ во опозиција. Народот ја одржа најважната лекција, од власта си ја спаси државата. Оваа генерација има можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда. Вечерва имаме причина за славење. Вечерва сум горд на народот кој застана на патот на поделбите. Има само една, единствена, вечна,независна Македонија. Честа е голема, одговорноста кон секој од вас уште поголема. Нема да ве разочараме – рече Мицкоски.

Тој додаде дека се во напредна фаза и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата.

– Очекувајте уште во првите сто дена многу добри вести за граѓаните и за македонската економија – рече тој.