АктуелноЛокалноНастани

ДИК: Надминат е неопходниот цензус при изборот на претседател

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412  гласачи. ДИК информира дека излезноста е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус за претседателските избори.

Од ДИК соопштија дека се обработени за 2.040 места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи.

Најголема излезност до 17 часот е забележана во Општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во Општина Липково – 6,48 отсто.

Споредено со претседателските избори во 2019 година, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19%, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01%.

За парламентарните избори излезноста е од 46,93%.