Апасиев: Предлагаме граѓански Устав со национална преамбула, а Бугарите нека си направат Рамковен
Нека си направи и Бугарија Рамковен договор, нека ги признае Македонците во Приинска Македонија, ние не внесуваме Бугари во Устав, нагласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс.
– Одложено дејство е обид за дефокус, ќе им удрат чврга од ЕУ и ќе ги внесат Бугарите во Уставот. Ние на никакво влегување на Бугари во Устав не се согласуваме затоа што ние за разлика од Бугарија признаваме колективни права. На пример, право на образование, канал на МРТ на бугарски јазик, славење на празници, значи ќе го славиме Санстефанскиот договор, потоа државно финансирање на клубови, значи Цар Борис Трети ќе го плаќаме ние од Буџетот и на крај квоти за вработување, вели Апасиев.
Нека си воведат Рамковен договор, вели Апасиев кој предлага граѓански устав.
– Предлагаме граѓански Устав со национална преамбула. Во нормативен дел нема колективни права, но во Преамбулата која е свечен дел си ги набројуваме конститутивните народи, објасни Апасиев.