АктуелноЛокално

Како ќе го реши Левица проблемот со здравството во Македонија?

Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма посветено е огромно внимание на здравство, јавни здравствени установи, права на пациенти итн. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде во фокус беа социјалните политики.

Претседателот Апасиев кажа дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата што ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за здравство.

  • Креирање специјален Солидарен фонд за брзо обезбедување средства за лекување во странство, кога лекувањето не е возможно да се изврши во земјата и упростување на процедурите за одобрување на лекување во друга држава – по итна постапка!

  • Гарантирано вработување во јавното здравство на најдобрите студенти на генерација на медицинските факултети.

  • Изградба на најмодерни клинички болници на ниво на сите плански региони во Македонија – надвор од Скопје (Источен, Југоисточен, Североисточен, Пелагониски, Вардарски, Полошки и Југозападен).

  • Подобрување на болничката исхрана преку забрана на аутсорс-набавка на храна за пациентите од приватни фирми и враќање на болничките кујни, со разработен систем на: набавка на намирници, готвење, пакување, дистрибуција и транспорт.

  • Кај дијабетичарите (пациенти со тип 1 дијабетес) – навремено и пристапно обезбедување на квалитетен инсулин, глукагон, инсулински игли, апарати и ленти за мерење гликемија, системи за континуирано мерење и инсулински пумпи за дозирање на инсулин.

Изборната програма се состои вкупно од 13 подглавја и тоа се:

  1. Труд и социјална правда
  2. Право и антикорупција
  3. Политички систем и администрација
  4. Граѓанско општество и медиуми
  5. Политичка економија и финансии
  6. Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
  7. Култура, туризам и спорт
  8. Образование и наука
  9. Здравство
  10. Земјоделие
  11. Екологија и енергетика
  12. Јавна безбедност и народна одбрана
  13. Надворешна политика

За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу