Што предлага Левица за работниците
Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма огромно внимание е посветено на социјална правда и работниците. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде што во фокус беа социјалните политики.
Претседателот Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за труд и социјална правда
- Воведување на шестчасовен работен ден (т.е. 30 часовна работна недела, наместо 40 часовна) – намалување на полното работно време од 8 на 6 часа дневно, без негативни импликации врз висината на примањата кои ги примаат работниците, а со цел зголемување на продуктивноста и личниот развој, како и намалување на невработеноста.
- Зголемување на минималната плата, на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница, и нејзино законско унифицирање на единствено ниво за сите стопански и нестопански дејности.
- Воведување на дополнително т.н. татковско отсуство од работа, за новородено дете – во времетраење од половина од породилното отсуство.
- Целосно обештетување на сите стечајци во Република Македонија, преку итно донесување на специјален Закон за материјално обезбедување на стечајните работници во вид на постојан паричен надоместок – до пензија (обесштетување на сите избркани работници во процесот на криминалната транзиција и приватизација).
- Субвенционирање на социјални станови за млади до 29 години, како и за млади брачни парови (со или без деца).
Изборната програма вкупно се состои од 13 подглавја и тие се:
- Труд и социјална правда
- Право и антикорупција
- Политички систем и администрација
- Граѓанско општество и медиуми
- Политичка економија и финансии
- Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
- Култура, туризам и спорт
- Образование и наука
- Здравство
- Земјоделие
- Екологија и енергетика
- Јавна безбедност и народна одбрана
- Надворешна политика
За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу