Што ќе направи Левица за културата – изборна програма

Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма посветено е огромно внимание на културата, уметноста и музиката. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде во фокус беа социјалните политики.

Претседателот Апасиев кажа дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата што ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за култура.

  • Целосна реорганизација на археолошките локалитети, библиотеките, театрите, музеите и заводите за заштита на културното наследство – со цел зголемување на нивните ингеренции, буџети и квалитетот на програмата (пр. поставки со виртуелна реалност, аудио-визуални промоции, патувачки изложби и сл.).

  • Развивање на концептот на инклузивна култура преку формирање на посебен културен фонд за посебна поддршка на уметници од социјално ранливи категории или лица со попреченост.

  • Воведување директна демократија при избор на раководни лица во националните куќи и културните установи (формирање избирачко тело во самите институции, со цел непосреден избор на раководен кадар од страна на вработените) – слично како деканите на факултетите.

  • Обезбедување на транспарентност во работата на Агенцијата за филм – стимулација на млади филмски уметници, со задолжително финансирање на еден филмски проект годишно на режисер-дебитант.

  • Формирање на државна издавачка куќа за поддршка на книжевното издаваштво и публицистика, со цел поттикнување на издавањето домашна и преводна литература (белетристика, научни истражувања, дидактичка литература, теорија, критика) – во електронска и печатена форма.

Изборната програма се состои вкупно од 13 подглавја и тоа се:

  1. Труд и социјална правда
  2. Право и антикорупција
  3. Политички систем и администрација
  4. Граѓанско општество и медиуми
  5. Политичка економија и финансии
  6. Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
  7. Култура, туризам и спорт
  8. Образование и наука
  9. Здравство
  10. Земјоделие
  11. Екологија и енергетика
  12. Јавна безбедност и народна одбрана
  13. Надворешна политика

За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу