Почина и вториот „свиркач“ од аферата „Боинг“
Џошуа Дин, „свиркачот“ во аферата врзана за „Боинг“ и веќе повлечениот нов модел на комерцијални авиони 737 Макс, почина по кратко боледување. Дин е вториот „свиркач“ поврзан со оваа афера, кој ненадејно умира.
Дин работеше како инженер за проверка на квалитетот, а во текот на минатата година поднесе извештај до федералните власти на САД, за „огромните пропусти во производството на новиот авион, со знаење на менаџментот на Боинг“. Во текот на 2018 и 2019 година се срушија два авиони на Боинг 737 Макс, а во несреќите загинаа 346 патници.
Според „Сиетел Тајмс“, Дин починал накратко откако бил примен во болница, а било константирано од лекарите дека проблеми со дишењето.
Во март оваа година, животот го загуби и Џон Барнет, кој исто така беше инволвиран во аферата Боинг. Тој беше пронајден со прострелна рана во главата, а полицијата на овој случај гледа како на можно самоубиство.