Левица поднесе кривични пријави против Талат Џафери
Поднесени кривични пријави од #Левица против времениот премиер Талат Џафери и тоа по следните точки.
Кривична пријава за злоупотреба на европското знаменце за носење на анти-работнички закони за ,,Бехтел и Енка”;
Кривична пријава за злоупотреба на европското знаменце за носење на косоварскиот Закон за државјанства;
Кривична пријава за несвикување седници за пратенички прашања повеќе од една година;
Кривична пријава поради шверцерското гласање со скафандер пратеници;
Кривична пријава за самоволното одбивање на иницијативата за референдум за бугарскиот предлог;
Кривична пријава заради излагање на подбив на македонскиот народ поради обраќањето на албански јазик во Европскиот Парламент;
Кривична пријава за фрлени 2.400 амандмани за новиот Деловник за Собрание.
После 8 Мај многу фиоки треба да се отвораат.