АктуелноЛокалноНастани

Ванковска: Битката не беше за победа, туку за теми за кои кукавиците не смеат да отворат уста

  • Фејсбук статус на проф. Билјана Ванковска

Во класната борба изборите се само еден од механизмите за ослободување на човекот од стегите на корпоративната моќ! Ова е маратон со многу пречки и Голијати (во палати заработени со криминал или уште полошо).

Не очајувам бидејќи мојата битка не беше за победа туку за отворање на теми за кои кукавиците не смеат да отворат уста. Јас своето го сторив, говорев Вистина наместо да ве лажам. И тоа засега е единствениот револуционерен чин што можев да го преземам.

Но тука се црвените другарки и другари, кои ќе продолжат да го вејат барјакот. Бидејќи, ние народе одлучивме да се бориме! Изборот е социјализам или варварство.

Засега мнозинството одлучи како што одлучи, но набргу ќе видите дека се само ново пакување на истата матрица.