Предавање на д-р Гоце Наумов за предисториските основи на ритамот
„Стратиграфија на музиката: предисториски основи на ритамот“ е насловот на предавањето што д-р Гоце Наумов ќе го одржи во петок 26.04.2024 год со полеток од 14 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предавањето е дел од манифестацијата „Студентска уметничка пролет“. Од 20 часот, во бифето на Факултетот за драмски уметности ќе следува поетско-музичка вечер по повод Светскиот ден на џезот – 30 април.
– Ќе говорам за тоа зошто барабанџиите секогаш добиваат најголем аплауз, колку и да се нивните сола некогаш и полоши од оние на останатите музичари во бендот… Секако, одговорот е во предисторијата и во отелотворувањето. Им благодарам на деканот Владимир Мартиновски и на Мира Беќар за поканата и се надевам дека предавањето ќе биде доволно (не)артикулирано за д аго долови вистинскиот предисториски амбиент – вели Наумов.