(Видео) Мециновиќ: За национализација на ресурсите и капацитети и за даночна реформа
- Дел од говорот на носителот на ИЕ 2 од Левица Амар Мециновиќ на народниот собир во Куманово, кој се однесува на национализацијата на клучните сектори за државната економија:
,,Првата точка е економска трансформација и национализација на сите ресурси кои се клучни за државата. Не може една држава, електродистрибутивната мрежа, да ја остави во приватни раце. Не може една држава да ја остави нафтеноводната и гасоводната мрежа во туѓи раце. И во Европската Унија за која ве лажат цело време, и во ЕУ се национализираат главните индустрии, главните капацитети. Затоа Левица нема да игра со олигархијата.
Левица е за национализација на Макпетрол, за национализација на ЕВН, и на тој начин, многу просто, во вашите секојдневни животи ќе имате помали сметки. ЕВН е електродистрибутер за 400-500.000 домаќинства, ама не е електродистрибутер за државните институција. Зошто не е електродистрибутер за државните институции во овој момент? За да може да биде електродистрибутер фирмата на син му на Зоран Заев за државните институција.
Зошто не државен електродистрибутер да ги храни државните институции? Кога ЕВН би го вратиле во електростопанството на Македонија, просто Министерството и електростопанството ќе одлучува за цените на сите енергенси и ќе биде во корист на народот, а не во корист на овие профитерски клики.”