АктуелноЛокалноНастани

Ванковска од Прилеп: Македонија не е за продавање

Денес претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, имаше топол прием и искрени средби со храбрите прилепчани.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот м-р Сашко Јанчев.

Вредните пазарџии на пазарот во Прилеп ја изразија целосната поддршка и порачаа дека пазарењето е само за на пазар, а дека Македонија не е за продавање.

Топлите средби со прилепчани покажуваат дека понудата на Левица на овие избори е единствената опција за спас на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.