(Видео) Ванковска: Да го вратиме достоинството на нацијата
- Изјава на претседателскиот кандидат на Левица проф. д-р Билјана Ванковска која истакна:
Левица вечерва го одржа првиот митинг од каде што ја најави борбата за Македонија во Струмица, во т.н. ,,бастион на заевизмот – со јасна порака: СДС мора да биде поразен и засекогаш заменет како доминантната партија во левиот политички спектар. Оттука ќе одекне повикот на новото време и на враќањето на достоинството на Република Македонија.
На митингот се обрати претседателскиот кандидат на Левица проф. д-р Билјана Ванковска која истакна:
“Сега страдаме од божемната „наша власт“, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.
На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!“